Темен режим Режим на светлина

Милан Радоичиќ призна дека бил во Бањска: Ги извршив сите логистички подготовки за отпорот на српскиот народ на теророт на Курти

Признание дека тој во неделата бил во Бањска, на северот на Косово, и дека ги направил сите логистички подготовки за акцијата во која дошло до судир со косовската полиција денеска даде Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа. Радоичиќ преку свој полномошник адвокат Горан Петронијевиќ наведе дека тој го организирал „отпорот на српскиот народ на теророт на Курти“.

Во изјавата што за медиумите ја прочита неговиот адвокат Горан Петронијевиќ тој наведе дека заедно со неговите сонародници дошол на северот на Косово и Метохија во Бањска на 24 септември.

-Причината за нашето враќање беше да го охрабриме српскиот народ да се спротивстави на теророт на режимот на Курти, да го заштитиме нашиот народ кој секојдневно беше подложен на тој терор и да го оствариме сонот за слобода на мојот народ на северот на Косово, прочита Петронијевиќ.

Тој вели чинот на  Радоичиќ нема врска со претходни политички активности и дека не известил никого од властите на Република Србија, ниту локалните политички структури од северот на Косово. Забележува дека немал никаква помош од нив, бидејќи веќе имало разлики во претходните методи на отпор кон „теророт на Курти“.

-Откако народот повеќепати се спротивстави на теророт на режимот на Курти, поради почитување политички причини за смирување на ситуацијата, во неколку наврати се повлекувавме без видливи резултати, бидејќи ни беше кажано дека на тој начин ќе придонесеме за деескалација и дека КФОР и меѓународната заедница ќе преземат се што е потребно за да го заштитат српскиот народ. Сепак, ваквото наше смирување на ситуацијата од другата страна не го доживеа како добра волја и создавање услови за преговори, туку како слабост. Како резултат на тоа, активностите на силите на Курти, кои илегално го окупираа северот на Косово, се интензивираа од ден на ден, рече Петронијевиќ.

Радоичиќ во своето обраќање рече и дека сите досегашни методи на отпор не го подобриле животот, туку ја зголемиле бруталноста на режимот на Курти.

-Во таква атмосфера се одлучив на овој чин, бидејќи Косово е моја земја, мој дом, тоа е составен дел на мојата држава, Република Србија и насилно ни ја грабнуваат, изјави тој, додавајќи дека затоа биле принудени на овој чин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Жичницата на Водно од недела ќе работи до 18 часот

Следна објава

Од утре во 15 часот посебен режим на сообраќај во Скопје