Полскиот оператор на нафтоводот Перн вчера открил истекување во една линија од нафтоводот Дружба, со кој се транспортира нафта од Русија во Европа.
Перн рече дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевката на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.
-Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално, велат од Перн.
-Во овој момент сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби, пренесува Ројтерс.
Дружба е еден од најголемите цевководни системи во светот и служи како најголема рута за снабдување со нафта од Русија и Казахстан до точките во Украина, Белорусија, Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Австрија и Германија.



