Темен режим Режим на светлина

Телото на македонскиот нуркач кој загина крај хрватскиот остров Равник пратено на обдукција

На обдукција во Сплит е испратено телото на македонскиот нуркач кој синоќа беше извлечен починат од водите на јадранскотот море. Несреќата се случила синоќа претпладне откако на македонскиот нуркач му се слошило и останал без свест. Бил извлечен на копно и имало обид за реанимација. Лекарите од Итната помош на островот се обиделе да му помогнат, но македонецот веќе бил починат, по што неговото тело е предадено на обдукција во Сплит каде треба да се утврди причината за смртта.

Несреќата се случила во близина на малото островче Равник каде што и пред десетина години имало слична несреќа со загинат нуркач.

Нуркачот е скопјанец на 40- годишна возраст, а со ова хоби се занимавал повеќе од 20 години. По, обдукцијата се очекува телото да биде транспортирано и предадено на семејството.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Откриено истекување во нафтовод кој транспортира нафта од Русија во Европа

Следна објава

Арсовска не учи од Шилегов: Скопје чека резултати, сега има директори по свој вкус