Темен режим Режим на светлина

Партиите пак се препукуваат околу Груби, а јавноста чека и бара правна разрешница на случајот

Груби приведен при влез во државата, спроведен во притвор Груби приведен при влез во државата, спроведен во притвор

Партиите продолжуваат да се препукуваат околу апсењето и домашниот притвор на поранешниот владин потпретседател Артан ќ Груби.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека во СДСМ со ќ години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт.

„СДСМ е во целосна конфузија и нервоза пoради стравот од сведочењето на Груби што би можело да допре и до нивни високи функционери”, напишаа од владејачката партија.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче Филипче, пак, синоќа посочи дека начинот на кој било направено приведувањето е очигледно дека има договор.

„Му ставија лисици полицајци што претходно беа дојдени, а не тие што работат на граничниот премин, имаше камера која го снимаше сето тоа, единствено нешто што недостасуваше беше црвен килим”, рече Филипче.

Од друга страна Левица е загрижена што лице кое 14 месеци било во бегство и е осомничено за милионски злоупотреби добива повластен третман заснован на флоскули од институции под раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

И додека партиите меѓусебно се обвинуваат и ја политизираат целата состојба околу некогашниот моќник Груби, јавноста чека и бара случајот ќе добие правна разрешница, а и да бидат откриени сите соучесници на криминалот во „Државна Лотарија”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Кој хороскопски знак најмногу лаже во љубовта?

Кој хороскопски знак најмногу лаже во љубовта?

Следна објава
Портпаролот на Кремљ Песков: Претседателите треба да се сретнат само за да го потпишат договорот

Портпаролот на Кремљ Песков: Претседателите треба да се сретнат само за да го потпишат договорот