Темен режим Режим на светлина

Партијата на пензионери реагираат за високите цени на лековите

Партијата на пензионери, изразува голема загриженост од тенденцијата на високите цени на лековите и другите медикаменти и суплементи во земјата.

-Фактот што имаме најскапи лекови во регионот е показател дека граѓаните и посебно големата пензионерска популација трошат големи финансиски средства и од така своите скромни пензиски примања, велат од Партија на пензионери.

Партијата на пензионери бара и ја потикнува и поддржува Владата во донесување на соодветни системски мерки и алатки кои ќе допринесат за регулирање и контрола на овој многу битен сегмент од секојдневниот живот на пензионерите и граѓаните, и кои ќе ја стабилизираат и долгорочно нивелираат цената на лековите.

-Здравјето на нашите граѓани мора да биде политички приоритет на сите парламентарни и вонпарламентарни субјекти во општеството. Чесно, Сплотено, Одлучно!, стои во реакцијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Распродадени влезниците за ракометното дерби Еурофарм Пелистер – Алкалоид

Следна објава

Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец