Партизацијата и делувањето на ненародите партии остава потешки последици по Скопје од земјотресот

Колумна на Владимир Величковски:

На работ на егзистенција вистинско чудо е обичниот човек, пензионерите, особено невработените да можат да преживеат вешто правејќи три оброци од зеље, на пример. Рестораните се полни, да кој може да седне. Патуваат на одмор во Охрид и во Грција, особено, некои веројатно на кредит. Голем број на ладно време се тресе а на многу топло се задушува од прегреаност. Уште сега вознемирени го чекаме новиот убиствен удар на цените. На толку протести, кои завршуваат без некој особен успех и на толкав очај и несреќи не би можеле да бидат сосем рамнодушни ниту од „високата класа“ од 78 проценти. Тие, неочекувано повремено покажуваат разбирање за оние кои се на работ на егзистенција.

Скопје одбележи, колку може годишнина од катастрофалниот земјотрес со надеж дека нема да се повтори, меѓутоа, партизацијата и делувањето на ненародите партии остава можеби и потешки последици. Скопје е пренаселен град со прекубројни вработени некорисен кадар во сите сфери. Тоа е задушен град и хаотичен град, од лоша архитектура и лоши урбанистички решенија направени од непреченото дивеење на „урбаната мафија“ и од некадарниците дилетанти со „антиквизираниот“(как да сме во Атина) проект, со исклучително неуспешен „монументализам“(каде беа историчарите барем нешто на потсредат?) „Скопје 2014“. Некои од нив, ќе рече дека тоа не бил криминален проект: не само криминален туку остави тешки последици по животот во градот, жив срам пред светот. Не знам колку брзото и густо градење висококатници, кое продолжува ќе може да издржи некој нов удар. Тоа Скопје не го прави велеград (општина Карпош“ не го прифати предложениот ДУП, а барем за сега е спречен проектот за градење во просторот на поранешна „Треска“), како и брзото возење по „Партизанска“ но сигурно е дека градот го изгуби „духот на местото“, својата уреденост во духот на успешниот модернизам признат и од американските стручњаци). Сосем јасно е дека Скопје станува град без добра иднина или лошо место за живеење (се подигаат дивоградби, депониите функционираат а ѓубрето цути и смрди по цел град. Некој партиски некадарник извикува: Ќе го обновиме Скопје во модерен град, ќе ја решиме партиската мафија, криминалот и корупцијата! Само што не кажуваат кога и како во тешко ранет град. Симпатично и корисно делуваат насекаде поставените зелени тротинети „бин-бин“. Од одржаниот меѓународен собир на стручњаци по земјотресно инжинерство и асеизмичко градење се слушнаа корисни и нови искуства и сознанија, со конкретни предлози кои треба да земат предвид. Важно е што и како се гради, во кое време и во кои услови,за да бидат задоволени и квалитетот и функционалноста.

Ги чествуваме големите празници на двата Илиндени, Илинден 1903 и АСНОМ-на Илинден 1944 кои ги симболизираат идеалите на слобода, еднаквост и братство но дали успеавме да ги развиеме или подобриме таквите вредности? Чествувањето беше добро организирано и со разновидна програма и научни собири ама не можеше да помине без свирежи, одредените поделености (коњичкиот марш, непримерени изјави итн. Секако може  да има критички опсервации како и конкретни предлози за иднината на земјата итн. Беше нагласена потребата од создавање единствен кохезивен став за прифаќање на уставните промени став кој за сега не е можно да се реализира. Ќе ни биде потребно многу трпение, повеќе разум и одговорност а не ирационални и емотивни еуфории кои се некорисни. До целосна подготвеност тешко се доаѓа. Чествувањето се одржа на трите  клучни историски места (иако Илинденското движење зафатило и други места во земјата). Во секој случај беше потврдена светлата традицијата на овие сенародно одбележувани празници.

Даме Груев, кој млад загинува во еден критичен момент забележал: „Подобро ужасен крај отколку ужас без крај.“  Таква била саможртвата на еден слободоумен македонски револуционер. Денешните премрежија се можеби уште потешки. Не е помалку  вознемирувачка една изјава на Панко Брашнаров, искусен борец и голем страдалник дека Вториот Илинден, со кој се градат темелите на македонската држава е „последниот Илинден на неслободна Македонија.“ Зошто литературни дела какви што се „Црнила“ и Црно семе“ се поттурнуваат од образовната програма? Станува збор за (авто) цензура и за додворувачка „политичка коректност“ пред соседите. Не ни доаѓа умот. Имав можност, како кустос во Музејот на Македонија да патувам во Крушево заедно со еден професор од Романија за да го посетиме и да разговараме со последниот сведок на случувањата од илинденскиот период. Да потсетам дека годинашнава прослава се одржа на Мечкин камен пред бронзениот монумент кој го изработи Димо Тодоровски во 1983 година. Неопходно е државата континуирано да се грижи за одржување на споменичкиот комплекс „Македониумот“(1974), кој ги симболизира Илинден и НОВ во Македонија, дело на вајарот Јордан Грабулоски-Грабул и неговиот соработник арх. Искра Грабул со која имав можност да разговарам за концептот на спомен белегот во мермер на гробот на Никола Карев во централниот простор на споменикот. Грабул е автор на фигуративниот споменик на Никола Карев (1953) подигнат на блиска локација и на бетонскиот споменик „Сила, Слава, Победа“ од 1954. на скопското Кале пред кој се одржа „тајното“ чествување на двата Илиндена, со посебен безбедносен протокол. Пред Републичкото Собрание е поставен споменикот, коњичка скулптура на Никола Карев од 2011 година од вајарот Богоја Ангелкоски. Во Музејот на Македонија се чува збирката ликовни дела посветени на теми од Илинден и НОВ кои ги изложував во разни градови (со Борко Лазески во Делчево) итн. меѓутоа таа традиција, за жал, не се продолжи. Свеченоста во Пелинце се одржа пред Меморијалниот споменик од 2004 година дело на арх. Георги Константиновски, мозаикот е дело на сликарот Рубенс Корубин (на проектот работел и сликарот Илија Пенушлиски) изведен на фасадата на заоблените едноставни површини на објектот со препознатливите лирски претставени асоцијативни форми на тема од историјата и културната традиција. Во ентериерот е инсталирана репликата од собата во манастирот Прохор Пчински во која се одржало Првото заседание на АСНОМ. Милош Коџоман изработи сликарската композиција посветена на ова заседание изложена на поставката во Музејот на македонската борба во Скопје.

Некој зборува и се однесува како да е на власт, а се уште не е извикувајќи: „Ќе ја спасиме Македонија!“ ама не кажуваа како и кога ќе го направат тоа. Нешто слично се случи и за претходната власт, но се подлабоко тонеме. Лошо е кога се делиме по етничка и политичка основа, а сега кој е за европскиот пат а кој да останеме во изолација. Неправедно е, постфестум да се критикуваат погрешните одлуки и договори, меѓутоа можеше да се очекува и опозициските партии да реагираат за подобар настап на македонската дипломатија за да не го носиме бремето на тешки отстапки. Меѓутоа, толку можеше да се очекува од ненародни партии и нивните неприродни ограничувања, без лидерско водство за почит во една целосно зависна „заробена држава.“

Претседателот им додели признание за постигнувањата на музичарите од рок-поп групата „Леб и сол“, која преработува мотиви од македонската музичка традиција која го доби квалитетното реиздание на албумот „Као какао“ со хитот „Скопје, Скопје“ што ме врати во креативни, ама не и лесни 80-ти години на 20-тиот век.

Владимир Величковски

Претходна вестТрамп: Ова е прогон на политички противник, тажен ден за Америка
Следна вестИ по 500 денари за еден кубик: Кисела Вода и годинава ќе субвенционира набавка на огревно дрво