Темен режим Режим на светлина

Пејовска-Дојчиновска: Имаме испратница од пошта дека сме испратиле претставка за Мерко до Судскиот совет

Имаме доказ дека до Судскиот совет сме испатиле претставка против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, изјави синоќа Софка Пејовска-Дојчиновска, член на Антикорупциска комисија.

Во емисијата 24 анализа на ТВ24, како одговор на претходните реакции од Судскиот совет таа рече дека претставката била примена.

-Не знам како да го искоментирам реагирањето на Судскиот совет, особено денешното. Дали е тоа начин само да се префрли топката – ‘еве не сме ние највиновните’. Зошто не сме ги прашале откако сме им ја доставиле претставката, дали си ја завршиле работата. Имаме доказ, имаме испратница од пошта дека сме ја пратиле претставката, а на прес-конференцијата што ја имавме за Мерко ја покажавме испратницата со потпис на Судскиот совет дека е примена, вели Пејовска-Дојчиновска.

Судскиот совет претходно ги оцени како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување, па дури и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Во соопштението од Судскиот совет се вели дека по направените проверки во Архивата на Судскиот совет, дојдено е до сознание дека таква претставка во 2018 година не е воопшто заведена во електронскиот систем.

-Оттаму зачудува паушалното тврдење на ДКСК дека претставката е загубена, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Пејовска-Дојчиновска додаде дека кај антикорупционерите се создава впечаток оти на јавноста и на медиумите најлесно им е веднаш да се прозва ДКСК, но како што вели, Антикорупциската комисија не е дежурен стражар и полицаец за сè

-Ние сме пред сè превентивно тело. Тоа што го правиме за превенција се токму овие иницијативи. Некогаш е добро и ви влева чувство дека граѓаните и целокупната јавнос имаат доверба кон оваа иснтитуција и затоа и често ја позиваат, но неблагодарно е оти ДКСК не може на сè да даде одговор, додаде Пејовска-Дојчиновска од ДКСК.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Сончево со малку облаци

Следна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

ИО на СДСМ: Во ваква форма Законот за матична евиденција не треба да биде донесен