Пелистер се враќа со 3 бода од гостувањето во Струмица

33

Фудбалерите на Пелистер извојуваа вечерва гостинска победа над АП Брера во Струмица со 2-1 во завршниот натпревар од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Со својот прв триумф над АП Брера на гостински терен по пауза од седум години, Пелистер го комплетираше максималниот ефект на гостинските екипи во второто прволигашко коло.

Пелистер на гостувањето во Струмица дојде во водство во 48. минута, со голот на Мирко Ивановски од пенал, откако голманот Вргов го собори Ристовски во казнениот простор. Во 73. минута Бошковски ја удвои предноста на битолскиот состав на додавање од Наумоски.

Само три минути подоцна Антовски со прекрасен удар од далечина намали на 1:2 и врати надеж за Брера, но резултатот остана непроменет до крајот на натпреварот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНови апсења: 16 приведени на протестите во Белград
Следна вестВтора жртва во несреќата на патот Битола – Ресен, загина 20 годишно момче од Охрид