Темен режим Режим на светлина

Пендаровски: Подготвени сме на Косово да му ги пренесеме нашите искуствата на патот кон ЕУ и НАТО

Првиот човек на Македонија, Стево Пендаровски, денеска е во официјална посета на Косово. Тој имаше средба со претседателката Османи-Садриу,а беше одржан и пленарен состанок на македонската и косовската делегација.

Покрај подготвеноста за интензивирање на соработката меѓу двете држави Пандаровски ја истакнал и подготвеноста за помош кон Косово.

-Ги поддржуваме евро-атлантските аспирации на Косово и во тој контекст стоиме на располагање да ги пренесеме нашите искуства, како на патот кон ЕУ, така и во однос на аспирациите за интегрирање во НАТО-алијансата. Членството во овие две организации значи натамошна стабилизација и просперитет за регионот, истакнал Пендаровски.

Тој воедно го реафирмирал македонскиот став дека поддржува заемно прифатливо решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина, со потенцијал да придонесе кон регионалната стабилност и кое нема да ја загрози безбедноста на соседните држави.

На крајот, тој кажал и дека се разговарало и за можностите за унапредување на правата на етничките Македонци кои живеат на Косово, како и јакнење на прекуграничната соработка со можностите за отворање на нови гранични премини.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Денарот е стабилен, инфлацијата во рамки на очекувањата - тврди Владата

Следна објава

За вакцинацијата на децата против ковд одлучуваат родителите или старателите