Темен режим Режим на светлина

Пендаровски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Пендаровски положи цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Делегација, составена од претставници од Кабинетот на Претседателот, од Собранието и од Владата на Република Северна Македонија, положи цвеќе пред спомен обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина.

Делегација на Кабинетот на Претседателот денеска положи свежо цвеќе и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Голема акциска контрола на угостителски објекти во Велес

Следна објава

Синдикатите на полицијата и Армијата со протест пред Владата побараа усогласување на платите со минималната