Удар на моторно возило бил кобен за едно лице-пешак во сообраќајна несреќа што се случила синоќа кај Струга.
–На 21.12.2020 во 20.55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струга-Ќафасан, патничко моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) од Струга. По незгодата, возилото го напуштило местото на настанот, а пешакот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, се наведува во соопштението на МВР.