Темен режим Режим на светлина

Браво, Петар Мирчевски, Марио Ванчоски и Филип Бојаџиевски освоија бронзи на Интернационалната олимпијада по хемија

Нов успех на македонски младинци во науката. Имено, Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје се закитија со бронзени медали на Интернационалната олимпијада по хемија, што годинава се одржа во Цирих, Швајцарија.

Олимпијадата започна на 16-ти јули и беше 55-тата по ред Интернационална олимпијада по хемија, каде имаше натпреварувачки тимови од целиот свет. Вчера се одржа свечената церемонија за затворање на натпреварот, на која тројца ученици од Македонија се закитија со бронзени медали, а Марија Петрова од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ доби пофалница.

Водачи на тимот беа проф. д-р Миха Буклески, вонреден професор на ПМФ, Скопје и проф. д-р Марина Стефова, редовен професор на ПМФ, Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, со согласност од Министерството

До 2040 година секој петти човек во Англија ќе живее со сериозна болест

Следна објава

Летаа пердуви во парламентот: Наметнатите уставни промени наидоа на отпор