Темен режим Режим на светлина

Судскиот совет избра 25 нови судии, меѓу нив е и синот на Наке Георгиев кој денеска поднесе оставка од функцијата во Советот

Судскиот Совет денеска избра вкупно 25 судии за повеќе основни судии како и за Основен Кривичен суд – Скопје.

Избрани се тројца судии во Основниот суд Битола и тоа судиите Петар Чаловски, Елена Жоровска и Горан Димовски. Во Основниот суд Свети Николе беше избрана Драгана Илиоска, во Основниот суд Струмица Катерина Тодорова, а во Основниот суд Тетово, Бојана Тоиќ и Муса Реџеп.

Уште  еден судија е избран  во Основниот суд Битола, односно Иван Колевски, осум во Основниот граѓански суд Скопје и тоа Кристијан Митревски, Симона Бубевска Муцунски, Лилјана Костојчиноска, Драган Петрушевски, Маја Катариниќ, Андреа Апостоловска Малиноска, Машкули Пајтин и Јованов Јордан.

Во Основниот Кривичен суд Скопје беа избрани седум судии, односно Марија Беговиќ, Биљана Смаќоска, Драгана Исакоска, Драган Јосифовски, Ахмет Идризи, Фросина Стојаноска, Кирил Георгиев и двајца во Основниот суд Струмица-  Билјана Иванова и Костадин Ѓорѓиев.

Судијата кој беше избран во Основниот кривичен суд Скопје, Кирил Георгиев, е син на членот на Судскиот Совет, Наке Георгиев, кој утрово поднесе оставка од функцијата во Советот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Општина Аеродром: Непријатната миризба која се шири доаѓа од депонија која не се наоѓа на наше подрачје

Следна објава

41-годишен маж од пробиштипско вознемирувал малолетничка