Темен режим Режим на светлина

По 2 часа чекаат да влезат од Грција во Македонија, патниците велат дека тоа е ужас и пекол

По скоро два часа се чека за да се помине грчка граница „Евзони“ и да се влезе во Македонија. Возилата стојат во место, патниците се нервозни, а дополнителен проблем се високите температури. Возачите велат дека гужвите се ужас, како и дека овој проблем е секоја година, во тек на летната сезона, пренесува Макфакс.

Сите три ленти за возење се блокирани. Некои од возачите седат во автомобилите, додека други, надвор. Колоната е километарска. Најголем дел од возилата се со македонски и српски регистрации.

Поголеми гужви се очекуваат за утре, кога, завршува викендот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Две групи млади се скарале, во локал во Приштина па извадиле оружје, еден загинат

Следна објава

Откажале сопирачките од службениот автомобил на Абазовиќ, полицијата истражува