Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, соопшти вечерва дека собрал 10.000 потписи за кандидат за претседател.Тој и официјално влегува во трката за шеф на државата.
– Над 10.000 потписи за кандидат за претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа, напиша Димитриевски на својот профил на „Фејсбук.
Вечерва и Арбен Таравари објави дека во рекордно време, за само еден ден, ги собрал потребните 10 000 потписи. Тој вчера започна со собирање потписи. Денеска и кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал потребните потписи со кои и официјално е кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори закажани за 24 април годинава.