Темен режим Режим на светлина

По пет години пауза, Дени Мусовски блиску до деби за Македонија

По повеќегодишна пауза и неостварени шанси, Дени Мусовски повторно е актуелен кандидат за настап во македонската фудбалска репрезентација. Неговиот репрезентативен пат беше прекинат пред пет години, кога пандемијата го спречи планираното деби под водство на тогашниот селектор Игор Ангеловски, а подоцна и селекторот Благоја Милевски не го вклучи во своите планови. Сега, со доаѓањето на Гоце Седлоски на селекторската функција, темата повторно е отворена.

На денешната средба со новинарите, претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, откри дека лично остварил телефонски разговор со Мусовски.

„Разговарав со Дени Мусовски и тој покажа силна желба да игра за Македонија. Двајцата негови родители имаат македонски пасош, така што очекувам процедурата брзо да се заврши и уште во март да биде во комбинација“, изјави Омерагиќ.

Триесетгодишниот напаѓач зад себе има одлична сезона во американската МЛС, во која постигна 14 голови во регуларниот дел и запиша пет асистенции, а додаде и два гола во плејофот. Неговиот клуб, Сиетл Саундерс, заврши на шестото место во Западната конференција и беше елиминиран од Минесота Јунајтед во осминафиналето на плејофот.

Летоска Мусовски настапи и на Светското клупско првенство, а целата професионална кариера ја гради во Соединетите Американски Држави. Освен за Сиетл, во МЛС има настапувано и за Лос Анџелес и Реал Солт Лејк, додека во УСЛ лигите играл за Тусон, Рино 1868 и Лас Вегас Лајтс. Кариерата ја започнал во пониските лиги со Лас Вегас Мобстерс и Берлингем Драгонс.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
МВР упорно одзема возила, а некои возачи се упорни во возењето без дозвола, кој ќе изгуби во „пресметката“?

Наближуваат празниците, зачестуваат апелите да се вози одговорно, а и полицијата апси збеснати возачи

Следна објава
Манасиевски: Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Катица Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев

Манасиевски со обвинувања: Сведоштво за инвестиции на Заев и Филипче во Дубаи