Темен режим Режим на светлина

По Скопје вчера крстареле 20 возачи без возачка дозвола

На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 20 за возење без возачка дозвола, соопшти МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Овој поразителен биланс се надоврзува на оние во изминативе денови кога полицијата открива во просек по десетина вакви случаи во едно деноноќие. Загриженоста е уште поголема ако се знае дека полицијата сигурно не ги фатила сите кои возеле без возачка дозвола.

Освен ова, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 43 санкции и шест за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за непочитување на првенство на минување, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила…, информира полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Променливо облачно со подолги сончеви периоди

Следна објава

Русија ја почна офанзивата во Донбас