Темен режим Режим на светлина

Почна палењето на стрништата – 60 пожари за отворено изминатиот викенд

Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 2007 повици. Од нив „реални“ повици биле 1178, а останатите 829 биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни, информираа утрово од Центарот з ауправување со кризи.

Кон полицијата биле упатени 192, кон итната медицинска помош 77 повици, кон пожарникарите 92, кон АМСМ 1 и кон ЦУК 11 од вкупно примените повици.

Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.

Со зголемувањето на температурите изминативе неколку дена, забележано е и зголемување на бројот на повиците кон ТППЕ, односно зголемен број на противпожарни интервенции.

Само за време на викендов беа забележани 60 пожари на отворен простор, а 9 се сеуште активни (заклучно до недела, 24 часот):

с. Крушевица (Општина Прилеп)

Атарот на с. Лопатица (Општина Прилеп)

Помеѓу с. Растојца и с. Кочиште (Општина Демир Хисар)

Планината Огражден над с. Сушица, кај м.в. Чардак (Општина Ново Село)

с. Кованец (Општина Гевгелија)

с. Сошани – Дебарца (Општина Охрид)

Атарот на с. Теово, помеѓу м.в Бегова чешма и м.в Плевење (Општина Чашка)

Над село Грушино (Општина Сарај/Желино)

Над село Вешала на Шар Планина (Општина Тетово).

ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено апелираме до сите земјоделци да не ги палат стрништата а сточарите пасиштата.

Ги потсетуваме граѓаните доколку забележат пожар, но и други итни ситуации што претставуваат опасност по животот и здравјето како и материјалните и природните добра да пријават на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, велат надлежните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Претседателката Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори

Следна објава

Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кикбоксери