Видео снимка на која се гледа како македонски полицаец претепуваат еден граѓанин се појави денеска на социјалната мрежа Фесјбук. На снимката која потоа на својата фејсбук- страница ја сподели и невладината организација „АВАЈА“. Не е наведено во која скопска населба се случил иницидентот.
На снимката се гледа како во еден момент полицаец влече едно лице кое дава отпор. Полицаецот го соборува граѓанинот и прво го удира со тупаници, а потоа неколку пати и со ногата. Другиот полицец оттурнува друг граѓанин кој сакаше да го сопре тепањето. На снимката се гледа дека имало уште еден полицаец и патролна кола на полицијата.
-Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите. Зоран Заев Бојан Марицик Оливер Спасовски ветивте дека правда ќе има? Вака ли изгледа правдата?, се наведува во објавата на граѓанската иницијатива АВАЈА.