Темен режим Режим на светлина

Поранешен главен доктор од Белата куќа: Психичкото здравје на Бајден станува проблем за националната безбедност

Поранешниот главен лекар на Белата куќа, Рони Џексон смета дека „Белата куќа е виновна што му дозволи на американскиот претседател Џо Бајден да зборува за реизбор иако не е во добра психичка состојба.

По паѓањето на Бајден на сцената за време на неодамнешната церемонија на Академијата за воздухопловни сили на САД, Џексон изјави дека Бајден не е ментално или физички способен да биде претседател.

Според Џексон, дел од улогата на врховниот командант на САД е да инспирира доверба и да проектира моќ, што тој верува дека Бајден не успева да го направи поради својата возраст и впечатливиот пад во способностите.

Џексон ги истакна бројните гафови направени од Бајден и тврди дека неодамнешниот пад на претседателот само ја зголемува загриженоста за неговата подготвеност за функцијата.
Тој посочи дека физичкиот пад на Бајден сега дополнително го нагласува неговиот когнитивен пад, за кој тој тврди дека е евидентен веќе некое време.

– Мислам дека падот во неговата физичка способност и физичкото опаѓање сега почнуваат да го истакнуваат когнитивниот пад што многу долго го гледаме кај него. Тоа веќе не проаѓа во светот и станува проблем за нашата национална безбедност. Мора да направиме нешто околу тоа, предупреди Џексон за „Фокс њуз“.

Изразувајќи го своето неверување дека Бајден (80) размислува да се кандидира за уште еден мандат – кој ако го заврши, ќе има 86 години – Џексон ја критикуваше Белата куќа што дозволила тоа да се случи.

Тој повика на одговорност и ги повика блиските до Бајден, вклучително и првата дама Џил Бајден, да преземат мерки. Поранешниот лекар од Белата куќа дури и предложи Бајден да користи шетач за да избегне нови срамни паѓања во јавност.Администрацијата на Бајден постојано ги отфрла овие изрази на загриженост, а портпаролот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, укажа на успесите на Бајден и увери дека тој е способен да ги исполни своите обврски како претседател.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го потврдија ставот за неменување на Уставот

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Прегазено младо момче