Темно Режим Светло Режим

Повредени 17 припадници на АРМ во сообраќајка на патот Радовиш – Штип

Вкупно 17 припадници на АРМ се повредени во сообраќајната несреќа што се случила утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе.

-Во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања. Според првичните информации повредните не се во живото загрозувачка состојба, изјави за медиумите портпаролот на Клиничка болница-Штип.

Како што се соопштува станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на АРМ, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

18 шофери заборавиле да полагаат за возачка

Следниот Пост

Возило на МВР удри во два мопеда, повредени се две девојки