Темен режим Режим на светлина

Пожар во авто-сервис во Ново Лисиче, изгореа возило и дрва

Пожар избувна денеска во импровизиран авто-сервис во Ново Лисиче. Интервенирано е со две противпожарни возила и седум пожарникари.

Повредени нема, причинета е материјална штета.

– Пожарот е изгаснат, екипите се повлечени. Имаше опожарени едно патничко возило, дрва и некои други материјали. За среќа, нема повредени. Тоа се првичните информации, изјави командантот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески.

Материјалната штета допрва ќе се утврдува.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради одржување на атлетска трка

Следна објава

Се удави маж во Охридското езеро