Темен режим Режим на светлина

Правосудните органи си го прославија денот со свечени говори, но за што најмалку се зборуваше вчера, а требаше да се каже?

Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста

и го прославија вчера судиите и обвинителите својот ден. Имаше свечени обраќања и пораки, се разменија честитки, а некои сигурно и мезнаа на разни коктели и ручеци. Едноставно, вчера се празнуваше за правдата.

Но, што е она за што вчера најмалку се кажа, а што граѓаните го очекуваат?

Прво, дека луѓето од правосудството треба искрено да се погледнат меѓу себе и да се запрашаат работат ли како што треба и зошто довербата на граѓаните во нив е на најниско ниво?

Второ, што е со перцепцијата од јавноста за селективна правда и нееднаквост пред законите, зошто едни случаи се процесираат експресно, а
други со години стојат во фиоки?

Трето, ќе се бара ли одговорност во своите редови за многуте пропусти и неправилности?

Но, за жал ова се темите што ретко се слушаат на вакви свечености, а уште поретко добиваат јасен одговор. Затоа и се слуша се погласно незадоволството на граѓаните.
Можат ли судиите и обвинителите да бидат отворени и правилно да реагираат на ваквите забелешки, останува да се види.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Во Порта Македонија се одбележуваат 75 години од Државниот архив

Во Порта Македонија се одбележуваат 75 години од Државниот архив

Следна објава
Првоаприлска вест: Гусари се вселија во изгорената галија во Вардар!!!

Првоаприлска вест: Гусари се вселија во изгорената галија во Вардар!!!