Темен режим Режим на светлина

Првоаприлска вест: Гусари се вселија во изгорената галија во Вардар!!!

Првоаприлска вест: Гусари се вселија во изгорената галија во Вардар!!! Првоаприлска вест: Гусари се вселија во изгорената галија во Вардар!!!
smart

Утрово скопјани одејќи по Кејот на Вардар со чудење виделе широко развеано црно знаме со череп на изгорената Галија која со години го нагрдува центарот на Скопје. Чудењето станало поголемо кога виделе дека пирати се вселиле во неа и почнале со чекани, даски и јажиња да ја крпат палубата.

Еден скопјанец ги прашал од каде пак гусари да дојдат во Скопје, а одговорот бил нависина логичен – слушнале дека во Македонија живее некој кој бил премиер и пуштал сидро за да влече напред, па сакале да ја научат и таа неверојатна пловна вештина. Ама, сега им се бендисало овде и ќе останеле на подолго и ќе си ја користат галијата.

Изненадените скопјани сепак биле задоволни оти штом ниту Петре Шилегов, ниту Данела Арсовска не знаеја како да ја дислоцираат, добро е што барем некој нашол начин како да ја искористи. Од Град Скопје засега нема реакција, оти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски бил насочен со работење на друго место, а за галијата планот му бил да размислува во седмиот месец од третата година од мандатот.

Инаку, дознаваме дека гусарите поднеле барање за легализација на галијата, но наместо во општина Центар, тоа го направиле во Чаир, оти слушнале дека таму полесно се решаваат вакви случаи.

Па ете денеска на 1 април, по години расправии, најави за уривање и бескрајни дебати што да се прави со галијата, конечно гусарите најдоа решение, а туризмот во Скопје си доби нова атракција.

Да е вечен 1 април – денот на шегата! Априли-ли-ли…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста

Правосудните органи си го прославија денот со свечени говори, но за што најмалку се зборуваше вчера, а требаше да се каже?

Следна објава
Добро е што Ѓорѓиевски почна да го уредува Водно, но таму се потребни и нови содржини

Добро е што Ѓорѓиевски почна да го уредува Водно, но таму се потребни и нови содржини