Темен режим Режим на светлина

Предупредувања од Синдикатот на Клинички центар: Ако сега бидеме изиграни, на крајот сите ќе одиме во приватно здравство

Состојбата во јавното здравство е алармантна доколку ги имаме предвид платите на здравствените работници, поставеноста на Клинички центар, проблемите со специјализациите и специјализантите, порачаа денеска Синдикат на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. На овој Синдикат денеска му се приклучи и иницијативниот одбор на независниот докторски синдикат „Хипократ“, на чие чело е проф. Нико Беќаровски.

-Прашуваме дали на оваа држава и требаат само судии кои ја вршат работата, така како што ја вршат или им требаат и лекари. Не бараме ништо повеќе, не бараме европски плати, знаеме какви се платите во Европа, меѓутоа по коефициентот на лекар или судија секаде во Европа е, на пример на професор во Клинички центар е 1:1 во корист на универзитетските професори кај нас барем нека биде 1:1, а не како што е сега 2:1 во корист на судиите. Ако се најдоа пари за судиите и за функционерите секако, треба да се најдат пари и за здравство. И сега ако бидеме изиграни на крајот сите кои создале име во државава ќе преминеме во приватното здравство, затоа што многумина имаат понуди, младите колеги пак ќе ја напуштат државата, потенцира Беќаровски.

Тој изнесе и некои предлози како тој директорот на Клинички центар да може да го бира Владата, но раководителите да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство.

Ги испратиле своите барања до министерот за здравство Меџити,  до Фондот за здравство и до ССМ, со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната плата, во спротивно доколку тоа не се случи пред покачувањето во септември ќе ги искористат сите законски акти и прописи.

-А тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерство за здравство, а во консултации со членството може да почнат и протестите. Само тужбите сигурно Фондот и државата ќе ги чини според наша финансиска импликација заедно со гранковиот синдикат околу 120 милиони денари на месечно ниво, 2 милиони евра за цело здравство, рече д-р Предраг Серафимовски, претседател на ССКЦ

Побарано е и да запре практиката на вработување на некомпетентен кадар по партиска линија, а за вработувањата исклучиво да одлучува стручниот колегиум на секоја здравствена установа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Поскапува дизелот

Следна објава

Крокодил изеде фудбалер