Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети фабриката на Алкалоид АД Скопје, лоцирана во населбата Автокоманда, во рамки на Општина Гази Баба.
Како што соопшти владината прес-служба, за време на посетата официјално ќе биде пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за контрола на квалитетот во „Алкалоид“ АД Скопје, која претставува значајна инвестиција во унапредување на производствените и контролни процеси на компанијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



