Темен режим Режим на светлина

ТИТАН Усје донира наставен кабинет на Градежниот факултет во Скопје

На Градежен факултет при Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде промовиран нов наставен кабинет, како донација од ТИТАН Усје.

Кабинетот е дел од соработката во рамки на проектот „Знаење + CO₂ – со знаење и иновативност до помалку CO₂“, чија цел е унапредување на образованието и поттикнување одржливи практики.

Како што е најавено, на промоцијата ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска, деканот на Градежниот факултет Јосиф Јосифовски, ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Билјана Ангелова, како и главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николау.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Договор во раните утрински часови: ЕУ ќе ја финансира Украина до 2027 година

Следна објава

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба новата лабораторија на „Алкалоид“