Темен режим Режим на светлина

Прикажани снимки од обвинетите како се организираат во куќата на Манев пред убиството на Панче Жежовски

Нови докази од камерите поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев презентира обвинителството на судењето за двојното убиство на Панче и Вања. Ноќта пред убиството на Жежовски, на 21-11-2023 обвинетите се се собрале во куќата на Велибор Манев, на снимките се гледаат како доаѓаат, Боре Видевски со својот автомобил, а Љупчо Палевски и Влатко Кешишев со рено кангуто на партијата Десна.

По извесно време обвинетите се гледа од снимката како се организираат за нешто, внесуваат работи во кангуто, Кешишев се прекрстува и за кусо време се упатуваат во правец кон Велес.

Панче Жежовски првично се водеше за исчезнат, а додека не беше пронајдено неговото возило цитроен запалено кај Бразда на неколку метри од местото каде била закопана Вања. Жежовски е пронајден закопан кај местото Рудник, на патот помеѓу Велес и Скопје, убиен со пиштол.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полициски возила ќе ги снимаат погрешно паркираните за автоматско казнување, покрај камерите за сообраќајните прекршоци, и ќе казнуваат

Следна објава

Просечната нето-плата во декември 43.587 денари