Темен режим Режим на светлина

Приведени крадци од Tетовско

Во Тетово на улица „Илинденска“ вчера околу 09.30 часот полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Т.(32) од тетовско Одри и А.А.(34) од тетовско Слатино.

Како што соопштија денеска од МВР, тие се сомничат дека извршиле кражба од објект во изградба на улица „Илинденска“, сопственост на 57-годишниот С.Х. од тетовска Мала Речица, а во чија фирма двајцата биле вработени.

Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонија Ѓорче Петров и Струга во финалето на Купот на Македонија

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Половина Скопје утре без струја