Темен режим Режим на светлина

Пробал да поткупи полицаец, завршил во станица

Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато, вчера го привеле А.С.(64) од с.Чегране, гостиварско. Тој се обидел да поткупи полицаецот откако претходно ставил пари во патната испарава дадена за преглед.

– Маж од Чегране вчера околу 8 часот наутро бил приведен од службени лица од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато, откако се обидел да поткупи полициски службеник. Приведениот на граничниот премин, при пасошка контрола за влез во државата, во патна исправа ставил пари и се обидел да даде поткуп на полицаец, се наведува во соопштението на полицијата.

По целосно документирање на случајот во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Одобрен интервентен увоз на лекот „трикафта“ за осумте пациенти со најкритична состојба

Следна објава

Лекарите на протест, се најавуваат блокади, кривични пријави...