Скопје со магла го почна денот, а потоа како што најавуваат метеоролозите ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.
На останатото подрачје на Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наутро во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд, а на планините на северозапад слаб снег ќе провејува во текот на претпладнето. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи. Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места. За време на Новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност.