Пронајдени двајцата велосипедисти кои се загубија на Беласица

Пронајдени се двајца велосипедисти кои вчера се загубиле на планина Беласица, соопшти Центарот за управување со кризи.

Во струмичкиот Центар за управување со кризи вчера било пријавено во 16.50 часот дека двајца велосипедисти се загубиле во планината Беласица, над селото Банско.

-Веднаш била пратена патрола од гранична полиција која стапила во контакт со двајцата велосипедисти, и околу 19.30 часот биле спуштени велосипедистите со помош на гранична полиција. На безбедно и пред да настапи ноќта, соопштија од ЦУК.

ЦУК истовремено информира дека поголем број неексплодирани убојни средства, конкретно 80 минофрлачки гранати од 60 милиметри од Првата светска војна биле пронајдени во село Рибарци, Општина Новаци.

Регионалниот ЦУК Битола информира дека тие безбедно биле подигнати и отстранети од страна на овластениот пиротехничар од ДЗС Битола.

– Кога ќе се најдат, при прошетки на терен, неексплодирани средства од минатите војни, не треба да се фаќаат, да се поместуваат ваквите стари гранати, бомби и слични опасни неексплодирани средства, едноставно само треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за нивната локација, соопшти ЦУК.

Претходна вестЗарем изборната кампања ќе ја преселат во судовите?
Следна вестИспадна капак од мотор за време на полетувањето на Боинг во САД