Темен режим Режим на светлина

Пронајдено телото на човекот што исчезна во езерото Глажња кај Липково

Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во Општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишниот локален жител по кого се трагаше неколку дена.

Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро.

Во потрагата на момчето кое минатата недела исчезна во водите на езерото беа вклучени шест нуркачи од „Тигрите“, осум нуркачи од „Волците“, како и тимови и нуркачи од ДЗС. При потрагата на брегот асистираа и полицајци од СВР Куманово.

-За жал условите и денеска се лоши, видливоста е многу слаба. На само неколку метри од брегот длабочината доаѓа до повеќе од 10 метри за на неколку метри од брегот да има длабочина поголема од 20 метри. Нашите нуркачи се обучени и нуркаат до максимум 40 метри длабочина, изјави денеска Ангелов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Се бара начин за евакуација на македонски државјанин од Нигер

Следна објава
Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Поскапува дизелот