Темен режим Режим на светлина

Се бара начин за евакуација на македонски државјанин од Нигер

150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби 150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Македонски државјанин побарал помош за евкуација од Нигер, соопшти денеска МНР. Во информацијата се наведува дека преку македонската амбасада во Каиро, Египет, Министерството за надворешни работи работи на обезбедување на неговата евакуација.

Министерството, како што соопштија оттаму, води интензивни преговори со сојузниците кои имаат свои претставништва во оваа африканска земја, со цел евакуација на македонскиот државјанин.

-Во оваа прилика, ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата Амбасадата во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk, стои во соопштението на МНР.

Дополнително, од Министерството апелираа граѓаните да избегнуваат патувања во Нигер поради влошената безбедносна ситуација во оваа земја и можноста за нејзина ескалација. За оние кои се на територија на Нигер и имаат можност да ја напуштат земјата, МНР апелира да го сторат тоа веднаш.

-Нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса:globalsos@mafa.gov.mk, додаваат од МНР.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Иран целосно се затвора поради жештините, температурата над 50 степени

Следна објава

Пронајдено телото на човекот што исчезна во езерото Глажња кај Липково