Противпожарната единца од Прилеп спасила едно лице паднато во бунар

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени. Лицето било , живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. За природата на повредите нема податоци.

Инаку, ТППЕ Прилеп, во текот на вчерашниот ден, во период од 13:50 до 14:37 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на пожар на отворено, гаснеле заплена ниска вегетација во близина на месноста „Одпад Даскало“.

 

Претходна вестСДСМ: Со нас има повеќе за земјоделците, нови 20 милиони евра поддршка
Следна вестМикробиологот Пановски: Не ја навредувајте сопствената држава, не се лажете самите себе…