Темен режим Режим на светлина

Прва Скопска ТВ: Пријави дупка на улица преку телевизијата, да се помогнеме на градските служби да ги најдат и закрпат

На многу места по скопските улици има дупки кои плачат да бидат закрпени. Илјадници амортизери на возила пострадаа, исто толку нерви на возачи се испокинаа поради тоа.

Новиот градоначалник на Скопје тргна да ги крпи дупките истакнувајки дека сега интервенира со ладен асфалт за затворање на ударните дупки, а напролет ќе правел потемелна обнова на коловозите.

Ќе ги воочат ли службите сите дупки за поправање? Да потсетиме, пред 15 години имаше еден проект во Скопје се нарекуваше – „Пријави дупка“. Граѓаните можеа на телефон да се јават во ЈП „Улици и Патишта“ и да кажат каде треба да се интервенира.

Еве, Прва Скопска ТВ во тој правец кажува и покажува каде скопјани ни укажале дека треба да се закрпат уличните кратери.

На пример, мала е улицата која поминува до поштата под Железничката станица, а е преполна со големи и длабоки дупки. Повеќе од година – две се чека надлежните да ги приметат и закрпат.

Потоа две дупки има на улицата позади ОУ Блаже Конески во Аеродром… А друг граѓанин ни испрати и фотка од кратер на улица само 30-тина метри од седиштето на Општина Кисела Вода.

Нашата редакција и понатаму стои на располагање на скопјани за да ги откриеме дупките низ Скопје и да му помогнеме на градоначалникот да ги најде и закрпи. Пријавете дупка на улица на нашата е-маил адреса: info@prvaskopska.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вашингтон на нозе: 500 членови на гардата распоредени пред Белата куќа

Следна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денес облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени