На албански и на англиски јазик – уште две плочи осамнаа до постојната на плоштадот Македонија каде се наоѓала куќата на Мајка Тереза. До онаа каде што на македонски е напишан описот, сега е ставена табла прво на албански јазик а потоа и на англиски. Таблата на македонски јазик сега е трета односно последна.
Инаку денеска Македонија одбележува 40 години од прогласувањето на Мајка Тереза за почесен граѓанин на Скопје. Тоа е и поводот за новите табли.
Плочата во средина која е напишана на англиски јазик е поставена од Град Скопје, додека онаа на албански јазик е донација на Енвер Малиќи, заменикот на градоначалникот Петре Шилегов.