Темен режим Режим на светлина

Пуштена втора делница од Кичево – Охрид

Врнежи од снег ќе го отежнат сообраќајот на повисоките места Врнежи од снег ќе го отежнат сообраќајот на повисоките места

Пуштена втората делница од автопатот Кичево – Охрид во должина од 17 километри. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека по една деценија застој во кој претходната влада го запоставила овој проект, сега има резултати, бидејќи како што истакна овој автопат има исклучително значење за нашата земја.

-Автопатот Кичево – Охрид е од стратешко значење за нашата земја, тој е главна артерија за поврзување на Југозападна Македонија со остатокот од државата и со Охрид, град кој е не само наш туристички бисер, туку и светско културно наследство. Со овој автопат Охрид и целиот регион добиваат нова енергија за развој, нови шанси за туризмот и нова перспектива за економијата, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот за транспорт Александар Николоски истакна дека оваа делница од Климештани до Охрид заедно со претходно пуштената од околу 20 километри претставува повеќе од половината од целиот автопат кој е завршен. До крајот на идната година останува да биде завршен и целиот автопат рече Николоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Макпрогрес“ по пожарот: Фабриката ќе ја обновиме, најважно е што нема човечки жртви

Следна објава

АРМ со почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста