САД и Мексико се согласија да ги продолжат преговорите за трговските
царини за уште неколку недели, соопшти мексиканската претседателка
Клаудија Шеинбаум по телефонски разговор со американскиот претседател
Доналд Трамп.
Разговорите се однесуваат на барањето на Вашингтон за укинување на 54
трговски бариери што влијаат на американскиот извоз кон Мексико.



