Темен режим Режим на светлина

Републиканците започнуваат истрага против Бајден

Републиканското мнозинство во претставничкиот дом започна долго најавувана истрага против претседателот Џо Бајден и неговото семејство. Комитетот испрати серија писма во кои бара информации од министерството за финансии за финансиски трансакции на членовите на семејството Бајден, кои се посочени како сомнителни. Тие извештаи се рутински, а владата автоматски издвојува поголеми финансиски трансакции, што само по себе не е доказ дека е сторено кривично дело.

Републиканците, исто така, побараа сведочење од поранешните директори на Твитер кои одлучија како социјалната мрежа ќе се справи со извештајот на Њујорк Пост од октомври 2020 година за Хантер Бајден, помладиот син на претседателот.

Републиканците тврдат дека објавувањето на приказната било задушено од политички причини.

Адвокатите на американскиот претседател Џо Бајден пак пронајдоа нови доверливи документи, откако пред неколку дена признаа дека минатата есен во приватната канцеларија на Бајден биле откриени десетина доверливи документи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ѓоковиќ по три сета до осминафинале на турнирот во Индијан Велс

Ѓоковиќ: Нема да заборавам што ми направија во Австралија

Следна објава

Пендаровски: Ние сме неспорно најдобро подготвен кандидат во историјата на ЕУ