САД испраќа 200 војници во Израел

17

Соединетите Американски Држави вршат дислокација на до 200 војници, веќе распоредени на Блискиот Исток, во Израел, со цел координација на операцијата, информираа официјални лица од САД.

Американската армија ќе формира т.н. центар за цивилно-воена соработка во Израел, кој ќе опфаќа околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и единици од арапски и муслимански држави, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го следат прекинот на огнот и ќе известуваат за можни повреди на истиот.

Според извештаите на Би-Би-Си, американските претставници наведуваат дека “ниту еден американски војник нема да влезе во Газа”.

Оперативниот тим е предводен од страна на Централната команда на САД, која е со седиште во регионот, и има за цел да го набљудува напредокот на договорот за прекин на огнот, како и да асистира во координацијата на хуманитарната помош.

Под претпоставка дека размената на заложници и затвореници ќе биде успешно завршена, службениците велат дека планот е потоа да се формира т.н. Меѓународна сила за стабилизација, но оваа иницијатива сè уште не е договорена меѓу засегнатите страни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестДенес истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање
Следна вестСе огласи таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград