Локални избори денеска во Косово

16

Во Косово денеска се одржуваат локални избори за градоначалници и советници во 38 општини, а сите избирачки места на северот беа отворени точно во 7 часот, јави порталот Коссев.

Право на глас имаат 2.069.098 гласачи, а гласањето ќе трае до 19 часот, пренесе Бета.

За градоначалници има 206 кандидати, од кои 20 се жени, а за општински советници се кандидираа 5.420 кандидати.

На овие избори на гласачкото ливче има вкупно 93 политички субјекти – 32 партии, две коалиции, 32 граѓански иницијативи и 27 независни кандидати.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПоследна седмица од кампањата за локалните избори 2025
Следна вестМанасиевски: Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче