Темен режим Режим на светлина

Санкционирани 64 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 64 мерки, меѓу кои осум за возење без возачка дозвола, три за непочитување на брзина на движење, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење на мобилен телефон, две за возење под дејство на алкохол, 27 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полицијата во текот на изминатиот ден казни 344 лица за неносење маски

Следна објава

Во последниот квартал лани повеќе родени и починати лица