СДСМ во своето денешно соопштение реагира дека изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, претставува потврда на нивните тврдења за отсуство на реформски процеси и напредок во евроинтеграциите.
Од партијата оценуваат дека во изминатиот период не е забележан значаен напредок, особено во делот на владеењето на правото.
Се посочува дека проблем остануваат корупцијата и, како што велат, нефункционалноста на правосудниот систем, што директно влијае врз европските перспективи на државата, стои во соопштението.
СДСМ предупредува и за ризик од губење на европски средства, кои би можеле да бидат пренасочени кон други земји.
За опозициската партија власта ја турка државата кон изолација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




