Завршена е потрагата по исчезнатиот жител на Вландово Горан Ременски, откако утринава е пронајден жив и во стабилна состојба во месноста Тиса, во правец кон село Чалакли, по што е предаден на семејството, соопштија надлежните служби.
Во акцијата за пронаоѓање учествувале екипи од ТППЕ Валандово, кои користеле дрон опремен со термална камера, со што значително била олеснета локацијата на лицето во тешко пристапен терен.
Претходно неговото семоејство побара помош од јавноста за пронаоѓање на нивниот исчезнат роднина.
Според нивните информации, тој го напуштил домот на 25 април околу 05:30 часот. Последен пат бил забележан околу 06:00 часот кај бензинската станица „GAMA OIL“, движејќи се во правец кон Струмица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





