Темен режим Режим на светлина

Се приближуваме до 1.000 новозаразени дневно – денеска 913 и 16 починати

Во последните 24 часа, 16 лица починаа како последица на ковид-19, од кои најмладиот има 40 години, додека регистрирани се 913 нови случаи на заразени, соопшти доцна попладнево Министерството за здравство.

Од починатите најмногу – 7 се од Прилеп (87г, 82г, 75г, 74г, 70г, 66г, 63г), 6 се од Скопје (83г, 75г, 72г, 69г, 66г, 54г) и по еден од Гостивар (87г), Гевгелија (71г) и Крушево (40г), сите пациенти се во болнички услови.

Во изминатото деноноќие направени 3.707 тестирања.

Најмногу од новозаразените се од Скопје – 440, потоа од Прилеп – 64, Кавадарци – 50, Куманово – 45, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Неготино – 31, Гостивар – 29, Охрид – 26, Велес и Битола – по 24, Струмица – 21, Крушево – 11, Кочани и Крива Паланка – по 10, Ресен – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Кичево и Демир Капија – по 5, Штип, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 4, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Виница, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 351 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845, од кои 4.745 во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Скопјанец правел депонии, ќе одговара за загрозување на природата

Следна објава

Двегодишна потрага со несреќен крај: Скопјанецот Арбен Аслани пронајден мртов во Лепенец