Темен режим Режим на светлина

Седум пожари на отворено изминатите 24 часа во државата

– Седум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникари интервенирале на опожарена дива депонија во општина Карпош. Горела сува трева кај болницата „Бардовци“. Опожарени биле сува трева и скелиња за тутун во Прилеп. Во општина Пехчево, кај село Негрево, месност „Каширска Чешма“, гореле нискостеблести растенија и млада борова шума. Во Штип се интервенирало на запалени ѓубриште, грмушки и сува трева. Во општина Старо Нагоричане гореле суви гранки, а во општината Ранковце, пожарникари интервенирале на опожарена мешана сечена шума.

Како што информираат од ЦУК, синоќа имало и потрага по исчезнато лице во општина Битола.

– Регионалниот ЦУК – Битола, информираше дека лице на 19 години од Горно Оризари е пријавено за исчезнато од страна на неговите родители во 20.30 часот. Пред полноќ, акцијата успешно завршила. Во 23.50 часот од полицајци, изгубеното лице е пронајдено, појаснуваат од ЦУК.

Изминатите 24 часа имало вкупно 2.091 повик на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК.

– Од нив, „реални“ повици – 65,52 отсто, а 34,48 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 67,73 проценти, кон Итната медицинска помош -20,64 отсто, а кон пожарникарите – 6,10 проценти, од реалните повици, додаваат од ЦУК.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Виничанец доби кривична пријава поради коментар на интернет

Следна објава

Со виртуелна изложба ДЛУМ ќе го промовира новиот објект кој чека реновирање