Шилегов треба да е среќен што Универзална сала не може да си ги каже маките

Ja чекавме ветената реконструкција, а тие почнаа нови планови да најавуваат…

 

Универзална сала пак е ставена од Град Скопје на лентата за брзи ветувања, а спори реализации на ветеното. За жал, таква и е судбината подолго време. Доколку дадените ветувања, најави, распишани конкурси, проекти, одлуки, повторни постапки можеа да послужат како градежен материјал култната Универзална сала до сега веќе ќе беше изградена. Вака, таа и натаму стои затворена и пропаѓа, а во меѓувреме се трупаат хартии на кои нешто се „решава“ за неа.

Деновиве се доби и ново количество материјал. Прво, Асоцијација на архитекти предложи, а потоа и скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја подржа идејата таа да ја смени локацијата.

Вреди да се разгледа идејата на архитектите Универзална сала да се гради на друга локација, изјави неодамна првиот човек на градот.

Ова автоматски значи ново оддолжување на работите околу салата. А така е веќе со години.

-Добивам впечаток дека Шилегов бега од работење на Универзалната сала и дека со новата најава за преселба на објектот во овој мандат нема да има ништо од она што го ветуваше за брзо реконструирање на објектот, коментираше на социјалните мрежи скопјанката Марија.

Од друга страна, дали ваквата идеја за нова локација им се допаѓа и на граѓаните кои се емотивно врзани за овој култен објект?

-Мене вооошто не ми се допаѓа идејата за преселување на салата. Самата Универзална сала и локација на која се наоѓа се препознатлив белег за градот и за граѓаните. Доволно е само да се каже „кај Универзална“ и се знае и што е и каде е. Да не зборувам колку емоции влече таа сала по сите одржани фестивали, манифестации на кои присуствувале илјадници и илјадници граѓани. Новата сала треба да е на исто место. Вака, имам чувство дека таа никогаш нема да се направи, ни изјави Перо Христов, естраден уметник.

Како што се движат работитесега одново ќе се трупаат планови, конкурси и одлуки, а Универзална пак нема да почне да се реновира како што беше ветеноЗначи, ветувања до ветувања, се она што постојано го слушаат скопјани, а Универзалната сала никако да се направи. Ако сега се прифати дислокација тоа сигурно ќе значи нови години и години одлагање потребни за промени во ДУП-овите, обезбедување на финансии, избори на проекти за кои и салата ќе стане премала…

Некако се заликува како купување време, да се протера мандатот, а за Универзална и други да му ја „мислат“и „планираат“…

Најави, најави…

Во 2013 годинаво време на градоначалникот Коце Трајановски и на министерката за култура Елизабета Канческа, беше актуелен проект салата да се урне и изгради нова во форма на јајце. Но, во 2016 тој проект се откажа од финансиски причини. и се најави проект со реконструкција на постоечкиот објект со доградба на застаклена галерија.

По доаѓањето на Шилегов со тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски беше потпишано „писмо за намери“ за нејзина обнова во 2018 година. Но и тоа не се оствари. Во мај 2018 имаше најави дека реконструкција ќе следи во 2019 година. Последното ветување е од април годинава кога Шилегов рече дека проектот годинава ќе се реализира и од причина што Скопје е кандидат за европскиот град на културата во 2028 година. Претходно, во декември минатата година беше најавено дека изградбата на нова сала ќе започне веднаш во јануари годинава и дека ќе биде распишан конкурс за идеен проект бидејќи два проекта кои веќе постојат не се добри…

Претходна вестПрво на албански, па на англиски и на крајот на македонски: спомен плочата на Мајка Тереза доби уште два натписа
Следна вестСончево со ретки облаци, температура до 34 степени