Крвавите случувања во Израел го вџашија целиот свет. Советот за безбедност на Обединетите Нации одржа итна седница зад затворени врати. Темата беше ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт. Но, како што јавува „АП“ – не биле преземени итни мерки и се наведува дека САД побарале од сите 15 членки остро да ги осудат „Гозоморни терористички напади извршени од Хамас“.
Заменик американскиот амбасадор Роберт Вуд подоцна потврдил дека прилично голем број земји го осудиле нападот на Хамас, но не сите земји-членки на Советот за безбедност на ОН.
Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја за „АП“ изјавил дека за време на средбата Американците се обиделе да ја обвинат Русија дека не го осудува нападот, што, според него, не е точно.
-Ги осудуваме сите напади врз цивили, тоа беше мојот коментар, истакна Небензја и нагласи дека пораката на Русија е дека е важно „веднаш да се прекинат борбите, да се оди на прекин на огнот и на сериозни преговори, кои се во застој со децении“.
Кинескиот амбасадор Џанг Џун претходно изразил сличен став, велејќи дека Пекинг ги осудува сите напади врз цивили, иако тој не го спомна Хамас, пренесе „АП“.
Американскиот претставник во ОН, Роберт Вуд, јасно стави до знаење дека САД се фокусирани на осуда на Хамас за, како што ја нарече „оваа неиспровоцирана инвазија и терористички напади“.




