Темен режим Режим на светлина

Скопјанец се удавил во Охридско Eзеро

44-годишен скопјанец го загуби животот откако влегол да се капе во Охридското Езеро, во близина на Поградец Албанија, пренесуваат албанските медиуми. Од прелиминарното вештачење на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство, па сомнежот е дека добил срцев удар.

Истражен тим работи на утврдување на причините за смртта на настраданиот.

Несреќата се случила околу 18:00 часот, во село Удениш, а жртвата е македонски државјанин со иницијали Ј.С. од Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Двајца браќа се расправале, настрадала нивната 79-годишна мајка

Следна објава

Арсовска направи нова смена: Ќамил Ковачи нов директор на ЈП „Улици и Патишта“